УЈП: Викендот без ДДВ успешен, зголемен прометот на македонски производи, скенирани повеќе сметки

Од:

Управата за јавни приходи го заокружи првиот Викенд без ДДВ преку кој граѓаните можеа да остварат враќање на целосниот износ на ДДВ за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема.

-Во деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, вкупно 204 088 граѓани купиле македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ. Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66.853.929 денари, соопшти Управата за јавни приходи.

Од УЈП наведуваат дека парите ќе им ги исплати на граѓаните на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена од последниот ден на скенирање на фискалните сметки.

-Од анализите и споредбите што ги направи Управата за јавни приходи потрошувачката на македонски производи во овој Викенд без ДДВ во споредба со потрошувачката на истите производи во претходните викенди во истиот месец е за 2,2 пати зголемена, истакнуваат од УЈП.

Според податоците скенирани се трипати повеќе фискални сметки и остварен е и 9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи овој викенд во однос на истиот од минатата година.

-Првата мерка од четвртиот сет антикризни мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија стартуваше токму со мерката ,,Викенд без ДДВ“ кој целосно ја спроведе Управата за јавни приходи. Резултатите од оваа мерка се повеќе од успешни бидејќи значат повеќе пари назад кај граѓаните, зајакнување на домашниот буџет и истовремено зголемена потрошувачка на македонски производи и услуги. Поттикнување на промет кај македонските компании е поддршка во услови на криза, која влијае и на подобрување на ликвидноста на компаниите, оценуваат од Управата за јавни приходи.

Би можело да ве интересира

Предупредувачки протест за повисоки плати на вработените во УЈП

Катерина Павлова-Николовска

УЈП: Рокот за потврда или корекција на годишната даночна пријава за 2022 година е 31 мај

Ана Ололовска

Во февруари 12 556 работници не добиле плата, а во март близу 32.000

УЈП: Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави продолжен до 28 април

УЈП со апел до граѓаните: Не отворајте СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава од УЈП

Ана Ололовска

Пазарниот инспекторат со полиција и УЈП ќе проверува дали пазарџиите ги замрзнале цените

Орце Костов