Угостителските објекти за организирани настани, очекуваат да започнат со работа

Од:

Економските оператори од цела Македонија, кои располагаат со големи сали за одржување на прослави обединети во Туристичко угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија ги очекуваат одлуките на Комисијата за заразни болести за почеток на нивната работа, кои треба да се донесат на состанокот закажан на почетокот на следната недела.

Тие веќе имаат испратено дополнителни предлози на веќе постоечките на Комисијата за заразни болести со почитување на дозволените протокли за работа на угостителските објекти, но се уште повратен одговор нема.

„Предлозите се состојат најпрво од изготвување на листа на присутни гости на настанот изготвена од страна на нарачателот на организираната прослава, понатаму дополнување на протоколот за организирана прослава со јасно и видливо обележан подиум. Согласно донесените уредби бараме прогласување на трета фаза за редовна работа на угостителските објекти. Безбедносниот аспект ќе биде максимално запазен согласно протоколите за работа и далеку побезбеден од досегашните примери каде што луѓето се само организираат без соодветен безбедносен протокол“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК.

Компаниите од оваа дејност се адаптираа на новите услови и протоколи за заштита од ширење на пандемијата, сите тие и понатаму ќе се придржуваат на новиот начин на работа, согласно моменталната состојба.

„Веќе е донесена Уредба на Владата со одлука за организирање на концерти, отворени се гранични премини и останати одлуки кои во себе содржат далеку поголем ризик од организиран настан свадба или прослава. Очекуваме на претстојниот состанок Комисијата за заразни болести да донесе препораки за наше отворање. Состојбата на сите економски оператори кои директо и индиректно соглано природата на својата дејност се поврзани со угостителските објекти како музички групи, фотографи, компании кои вршат декорација, цвеќарници, златарници, ателјеа за изработка на костуми и венчаници е крајно тешка и неизвесна. Доколку не се донесат препораки за отворање ќе го искористиме нашето демократско право на протест за спас и егзистенција на вршителите на овие дејности и сите вработени“, додаде Ангеловски и уште еднаш потенцира дека веќе петти месец овие дејности не остваруваат економска активност со што е загрозено нивото постоење и опстанок.

Би можело да ве интересира

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8 отсто

Горан Наумовски

Лавина од реакции по потпишувањето на протоколот со Русија: Ова е обид да се дисциплинира Србија

А1он

Европратеникот Ковачев: Историските препораки се задолжителни услови во преговарачката рамка

A1on

Бујар контра Османи: Како министерот седум дена манипулира дека „утре“ ќе го објави протоколот

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Маричиќ го демантираше Османи дека протоколот е усогласен со Генчовска

A1on