И Твитер забранува реклами на крипто валути

Од:

Социјалната мрежа Твитер ќе ги забрани рекламите на крипто валути на својата платформа.

Американската компанија ќе ја објави одлуката во наредните две недели, откако се предвидува сите реклами поврзани со виртуелни валути, берзи и ИКО (Initial Coin Offering) процедури, да бидат забранети, но ќе се дозволат минимални исклучоци.

Во одговор на барање од страна на „КоинДеск“, портпаролот на Твитер изјавил дека ќе се воздржат од коментар во врска со информациите, но паралелно со тоа не ги негираат.

Од неодамна, Твитер се претвори во доста популарна платформа за се што е поврзано со крипто валутите и „блокчеин“ технологијата, вклучувајќи ја и промоцијата на ИКО процедури.

Информациите дека Твитер ќе ги забрани рекламите, доаѓа откако претходно овој месец извршниот директор и основач на социјалната мрежа Џек Дорси посочи дека ќе стори се за да ги сопре измамите со крипто валути на платформата.

Во меѓувреме, Гугл и Фејсбук воведоа забрана за реклами поврзани со крипто-валутите.

Фејсбук објави во почетокот на оваа година, преку пост на својот официјален блог дека ги забранува сите реклами кои се поврзани со примарната понуда на дигитални средства, бинарни опции и крипто валути.

Гигантот Гугл исто така најави минатата недела дека ги додава крипто-валутите во листата со забранети теми за реклама од месец јуни 2018 година, што ќе стави крај на рекламирањето на онлајн берзи за трговија и ИКО.

Со ова, три од најголемите интернет компании во светот ќе забранат промовирање на крипто валути, што е сериозен удар врз овој млад пазар.

Би можело да ве интересира

X ќе му плати 10 милиони долари на Трамп за суспендирање на неговата сметка на оваа социјална мрежа

Од Слупчане не кажаа, 3000 денари за цело село или 3000 денари по куќа ќе плаќаат? – Реакции на социјалните мрежи

A1on

Твитер за црвените елеци на СДСМ: „На толкави плати, шетаат во елеци како од Црвен крст“

A1on

Твитер го тужи Елон Маск

Катерина Ѓуровски

Хан на „Твитер“: Крајно време е земјите-членки на ЕУ да го испорачаат своето

А1он

„Твитер“: Денес е Св. Мира Дизел, заштитничка на огласите за работа

Сандра Бошковска