Хан на „Твитер“: Крајно време е земјите-членки на ЕУ да го испорачаат своето

Од:

Северна Македонија и Албанија испорачаа, сега е крајно време земјите-членки да го испорачаат своето, објави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на неговиот налог на „Твитер“.

Хан всушност ова го нагласи како одговор на претходниот твит на лидерите на ЕУ, во кој тие даваат поддршка за почеток на преговорите со двете земји.

„Северна Македонија и Албанија испорачаа – сега е крајно време земјите-членки да го испорачаат своето! Благодарност до лидерите на ЕУ за нивниот цврст став за почеток на преговори со двете земји во октомври“, им ретвитна Хан на европските лидери.

На социјалната мрежа, Хан потсети на пораката на лидерите на ЕУ упатена до земјите-членки, кои треба да ја донесат конечната одлука на 17 и 18 октомври.

Во писмо испратено на 3. октомври до земјите членки на ЕУ, сегашниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, на Европската комисија Жан-Клод Јункер, новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, бараат отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

Тие потсетуваат дека земјите членки уште во јуни се заложија да се навратат на прашањето и да донесат суштинска одлука во октомври.

Европските лидери на „Твитер“ објавија дека веруваат оти е време за отворање на преговороите со двете земји.

Би можело да ве интересира

Основачот на Твитер сега има нова социјална мрежа

Падна Твитер

Твитер најави олеснување на забраната за политичко рекламирање

Податоците на 400 милиони корисници на Твитер се продаваат на црниот пазар

Горан Наумовски

Маск не објави дека се повлекува од функцијата: Би можеле да гласаат само автентични Твитер профили

А1он

Твитерџиите гласаа Маск да го напушти Твитер

А1он