Иран ги постави условите за крај на војната

Од:

Иран постави како еден од условите за прекинување на конфликтот со САД и Израел почитување на неговото право на цивилна употреба на нуклеарна енергија, изјави дипломатски извор од Исламската Република, според руската државна новинска агенција РИА Новости.

„Меѓу условите за прекинување на војната е траен мир во нашиот регион, а не само прекин на огнот, со кој веќе имаме горчливо искуство. Механизмот за постигнување траен мир вклучува осуда на агресорот, воени репарации за материјална штета, укинување на сите санкции и почитување на правото на Иран на мирна употреба на нуклеарна енергија“, рече изворот.

Условите на Иран, според изворот се:

– траен мир, а не само прекин на огнот
– осуда на агресорот
– воени репарации
– укинување на санкциите
– цивилна употреба на нуклеарна енергија

Истиот извор наведува дека од почетокот на конфликтот немало преговори меѓу Техеран и Вашингтон, иако САД наводно ги бараат.

Кон крајот на март, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека двете страни започнале разговори за решавање на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран