Твитер го тужи Елон Маск

Од:

Твитер поднесе тужба против технолошкиот милијардер Илон Маск во обид да го принуди да го заврши преземањето на компанијата, објави претседателот на одборот Брет Тејлор.

Твитер поднесе тужба во Делавер барајќи од судот да нареди преземање според условите договорени со Маск во мај, се вели во тужбата на 60 страници што ја објавија американските медиуми.

Маск во петокот објави дека се повлекува од договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари, повикувајќи се на неосновани тврдења дека има многу повеќе лажни сметки на Твитер од 5 отсто како што компанијата тврди.

Адвокатите на Маск тврдеа дека Твитер не ги исполнил своите обврски според условите од договорот да му ги достави на Маск потребните податоци за да ги потврди бројките.

Твитер го отфрли тврдењето, нарекувајќи го повлекувањето на Маск „невалидно и погрешно“.

Би можело да ве интересира

SpaceX на Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот, таа беше изгубена пред крајот на летот

Горан Наумовски

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Маск им одговара на огласувачите: „Еб*те се”

Предраг Петровиќ

Разговорот меѓу Ердоган и Маск стана хит, претседателот на Турција го праша: Каде ти е сопругата?

Предраг Петровиќ

Твитер одби да се пребара профилот на Трамп, па заработи парична казна

Горан Наумовски