Топ десет „даночни раеви“ во светот

Од:

Откривањето на над 11 милиони документи на панамската компанија „Мосак Фонсека“ ја актуелизира приказната за „даночните раеви“ низ светот во кои моќните и богатите ги кријат своите пари.

Откривањето на тајните документи на компанијата од Панама покажува како оваа адвокатска фирма цели 40 години им помагала на клиентите да перат пари и да избегуваат плаќање на данок.

Последните анализи за информациите од 210.000 компании покажуваат дека „Мосак Фонсека“ соработувала и основала офшор фирми и на лицата кои се наоѓале под меѓународни санкции.

Еден од најпопуларните „даночни раеви “се Британските Девствени Острови каде се регистрирани 113.000 офшор компании, на второ место е Панама со 48.000 компании, а на трето Бахамите со околу 16.000 компании.

Експертите наведуваат дека работењето преку офшор компании е целосно легално, но дека често богаташите ја користат оваа структура за да ги скријат вистинските сопственици и имотот, да спроведат тајна парична трансакција, да избегнат плаќање на данок и да перат пари.

Посебно е проблематично тоа што е тешко да се утврди кои се вистинските сопственици на овие компании, бидејќи тие се кријат зад агентот кој ја основа фирмата.

Адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ од Панама е една од најголемите агенција за основање на фиктивни фирми и има повеќе од 30 подружници низ светот.

Десетте најпопуларни „даночни раеви“ се:

1. Британски Девствени Острови (број на компании: 113.648)

2. Панама (број на компании: 48.360)

3. Бахами (број на компании: 15.915)

4. Сејшели (број на компании: 15.182)

5. Ниуе (број на компании: 9.611)

6. Самоа (број на компании: 5.307)

7. Ангуиља (број на компании: 3.253)

8. Невада (број на компании: 1.260)

9. Хонг Конг (број на компании: 452)

10.Велика Британија (број на компании: 148).

Би можело да ве интересира

До крајот на годината ќе има усогласување на даночната политика, најави Мицкоски

УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Бугарија ги укинува таксите за транзит на рускиот гас кон Србија и Унгарија

A1on

Ковачевски на Денот на даночници: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Предраг Петровиќ

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила