ТЕ Битола 1 повторно во функција, се подобрува и здравствената состојба на повредениот работник

Од:

Термоблокот „Битола 1“, кој како последица на запалувањето на дел од каблите беше исклучен, по извршената интервенција од страна на стручните служби во РЕК Битола е оспособен за производство на електрична енергија и од вчера е ставен во функција.

Како што соопшти денеска АД „ЕЛЕМ“, вчера околу 17 часот капацитетот е вклучен и синхронизиран во електроенергетскиот систем на Република Македонија.

За време на застојот, целосните потреби од електрична енергија за тарифните потрошувачи во целост биле обезбедени од домашните електроцентрали на АД „ЕЛЕМ“.

Од компанијата информираат и дека се подобрува здравствената состојба на работникот што беше повреден при краткото опожарување за време на рутинска манипулација во шесткиловолтна постројка во ТЕ Битола. Тој е контактибилен и надвор од животна опасност, и се очекува во наредните денови да биде пуштен на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Германија повторно става во функција електрани на јаглен

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ