Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Од:

За тоа дека ќе нема да се затвораат Осломеј и РЕК Битола, премиерот очигледно не ја говори вистина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање поставено пред неговото учеството на настанот насловен како Политички дијалог на ЕПП – партиите од регионот.

„Ковачевски не ја говори вистината или го нема прочитано предлог законот. Ако го прочита предлог законот кој е доставен во парламентот, а се однесува на ликвидноста на ЕСМ поранешно ЕЛЕМ јасно ќе забележи дека станува збор за услов за да се добијат тие пари. А тоа значи затворање на Осломеј до 2023 година и затворање на РЕК Битола до 2027 година“, вели Мицкоски.

Според него тоа е егзактна работа и тоа не е предмет на дебата и филозофија.

„Ако го прочитате законот јасно кажува дека за да биде ефектуиран тој заем од 100 милиони евра се бара затворање на овие два производни капацитети и интегрирање на македонскиот пазар прво со грчкиот во четвртиот квартал во 2022 година, а во 2023 година и со бугарскиот. Или јас тоа би го нарекол енергетска анексија на Македонија’, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Техничка влада не е предмет на средбата, уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат

Мицкоски: Од прес конференцијата слушнавме енциклопедиски информации без конкретен доказ

Мицкоски: Технички премиер од ДУИ нема да имa ниту народен, ниту политички легитимитет

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Каевски: Дали вредностите на Енвер Хоџа ќе ги преговара Мицкоски на маса со коалицискиот партнер Левица?

Мицкоски: Случајот со пратеникот Петрушевски ќе го истераме до крај, се додека овој нестручен судија не биде разрешен