Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Од:

Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ денешно ЕСМ!!! ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 30ти Август до 6ти Септември од 2 до 7 часот во вкупна количина од 2000 MWh. Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 337/MWh вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 426 €/MWh или по денови:30/Август 628,428 €/MWh, 31/Август 557,212 €/MWh, 1/Септември 533,17 €/MWh, 2/Септември 425,486 €/MWh, 3/Септември 271,298 €/MWh, 4/Септември 233,426 €/MWh, 5/Септември 301,902 €/MWh, 6/Септември 456,874 €/MWh, Разликата во цена е:2000 MWh x (426-337)€ = 178.000€. Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови се вели во објавата на Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Има индиции на злоупотреби во Академијата за судии и обвинители, ова е доказ дека во државата има партиски октроирано и заробено обвинителство и судство

Мицкоски: Наскоро ново раководство на ЕСМ и РЕК Битола, лично сум фокусиран во изборот на кадри

ВИДЕО: Структурни реформи во управувањето со кризи и нов Закон за пожарникарство најави Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поминаа ден-два, пожарите не се под контрола, а лопатарот Мицкоски и министрите се шетаат

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз Антикорупциска да го скрие случајот фамилјарно патување за Вашингтон