Мицкоски: Има индиции на злоупотреби во Академијата за судии и обвинители, ова е доказ дека во државата има партиски октроирано и заробено обвинителство и судство

Од:

„Па има од тоа што го знам индиции за злоупотреби, има индиции за создавање на еден центар на моќ во обвинителството и судството кој што е партиски октроиран, преку наместени огласи, избори и слично. Такви индиции има дали ќе се потврди ќе каже МВР“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски додаде дека доколку се потврдат овие индиции значи дека тоа е само уште еден доказ дека имаме партиски октроирано и заробено и обвинителство и судство.

„Но, доколку се потврди, од тоа што јас го имам на располагање, тоа е уште еден чекор кон тоа дека навистина имаме партиски октроирано и заробено и обвинителство и судство и не ме чуди што довербата е само два проценти“, рече тој и додаде:

„И континуирано ќе продолжиме да се бориме против криминалците во правосудниот систем. Ќе повторам, станува збор за исклучоци. Имаме многу чесни обвинители и судии, но за жал тие се во втор план, овие се во прв план малкумина и затоа состојбата е таква каква што е, односно довербата е скромни два проценти“.

Премиерот Мицкоски е дециден и вели дека во државата мора да владее правда.

„Ние ќе продолжиме и понатаму. Нема да застанеме тука како Влада. Мора граѓаните да добијат правда бидејќи тоа е она со кое што излеговме уште за време на кампањата на претседателските избори во 2019 година. Правда мора секој да добие“, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата

А1он

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он