ВИДЕО: Структурни реформи во управувањето со кризи и нов Закон за пожарникарство најави Мицкоски

Од:

Големи структирни реформи во во секторот за управување со крзи и нов Закон за пожарникарство најави премиерот Христијан Мицкоски на средба со поажаникарите и сите инволвирани во гасењето на пожарот на планината Серта.

– Денеска заедно со потпретседателот на Владата, Љупчо Димовски, заедно со пратениците, градоначалниците, пратениците и директорот на Центарот за управување со кризи сме овде на лице место за заедно да ја стегнеме раката на оние храбри луѓе кои што изминатите неколку недели на моменти својот живот го ризикуваа за да спасат што е можно повеќе територија да не биде зафатена од огнената стихија. Можам да кажам дека како Влада во периодот кој што следи ќе направиме големи структурни реформи во секторот за управување со кризи, нешто кое што е многу значајно. Но, истовремено започнавме процедура за носење на Законот за пожарникарство со што значително ќе бидат подобрени условите за работа на овие луѓе, рече Мицкоски.

Тој им се заблагодари на пожарникарите, полицијата, армијата и доброволците кои пожртвувано се бореа да го изгаснат пожарот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар