ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Од:

Тоа што ТЕЦ „Неготино“ стана дел од државната компанија ЕСМ, односно двете друштва се споија, а имотот стана сопственост на АД Електрани, не значи дека ЕСМ се подготвува за продажба, тврди министерот за економија, Крешник Бектеши.

– Не знаеме тоа, но според официјалните документи и стратегијата кои ги носиме како министерство тоа не е предвидено. Предвидено е ЕСМ да ги зајакне своите капацитети со цел да биде стожер на енергетскиот сектор. Додека јас сум министер и член на владата, а воедно додека ДУИ е во влада, ЕСМ нема да се продаде. Нашата политика е дека треба да имаме домашно производство од домашни капацитети. Ако други субјекти имаат други политики нека излезат пред граѓаните да ги презентираат. И јас да не сум министер, ако ДУИ е на власт, тоа нема да се случи – потенцира Бектеши.

Информацијата за спојувањето на двете државни друштва е објавен на Македонска беза.

Според она што го пишува во известувањето од ЕСМ, АД ТЕЦ „Неготино“ е избришана од централниот регистар на 29 февруари годинава, а имотот преминува во сопственост на ЕСМ. Во информацијата се додава дека и основната главнина на ЕСМ е зголемена со издавање 32.311.373 обични акции. Една обична акција има вредност од 1.000 денари.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов