Целта на новата владина мерка за вработување на 1.600 лица од социјално загрозени семејства e да им се помогне на овие луѓе, да им се овозможи да излезат од сиромаштијата и да обезбедат егзистенција на своите деца.
Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарско прашање на свеченоста по повод 21. година постоење Царинска управа.
Владината мерка беше објавена заврчера, а предвидува да се вработат 1.600 лица од четири категории – долгорочно невработени, преку десет години, лица од многудетни семејства, лица од самохрани и еднородителски семејства, како и лица од семејства без ниту еден вработен.