Старите одмори само на ослободените од работа се сметаат за искористени, останатите ќе може да ги користат

Од:

Родители на деца до 10 години, трудници и хронично болни кои се ослободени од работа по воведувањето на мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, задолжително треба да го искористат заостанатиот дел од ланскиот одмор и првиот дел од одморот за оваа година. Ова правило важи и за вработените кои ги користат владините мерки во приватниот сектор и за вработените во јавниот сектор. Уредбата со која се регулираат годишните одмори во приватниот сектор беше објавена во „Службен весник“ на 4 април, а Уредбата за јавниот сектор Владата ја усвои доцна синоќа.

Министерството за труд и социјална политика за „А1он“ потврди дека е точно толкувањето на Уредбата за приватниот сектор што го даде Државниот инспекторат за труд од каде објаснија дека Уредбата не се однесува на сите вработени во приватниот сектор туку само на оние кои се веќе дома поради мерките од Владата. Откако „А1он“ го објави ваквото толкување на Уредбата од Државниот инспекторат за труд, со реакција се јави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Дарко Димовски кој тврдеше дека поради солидарност, Уредбата треба да важи за сите вработени во приватниот сектор.

Поради различните толкувања „А1он“ побара објаснување и од Министерството за труд и социјална политика.

„Одредбите од Уредбата се однесуваат за вработените во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус“, велат од Министерството за труд и нагласуваат дека останатите вработени можат ги користат годишните одмори на ист начин како што ги користеле и досега.

Оние кои имаат неискористени денови од стариот одмор во приватните компании , а веќе ги користат мерките од Владата и седат дома, треба да ги искористат заклучно со 31 мај годинава, а Уредбата ги обврзува до крајот на јуни да го искористат и првиот дел од новиот одмор во траење од две непрекинати недели. Одморите не мора да се користат наеднаш, дозволено е да ги користат одделно, но заклучно со 30 јуни мора да бидат искористени и ланскиот и првиот дел од годинашниот одмор.

Од Министерството за труд велат дека Уредбата има законска сила и треба да се почитува на ист начин како што се почитуваат одредбите од Законот за работни односи. За секое непочитување без разлика дали е од работниците кои не би и биле согласни да ги користат одморите или пак од работодавачите кои не би им го дале одморот, ќе се постапува по постојните санкции од Законот за работни односи.

Уредбата со која стариот одмор се смета за искористен на лицата вработени во јавен сектор кои ги користат мерките, Владата ја донесе синоќа. Истата Уредба пропишува вработените во јавниот сектор кои се работно ангажирани за времетраење на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година да може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице на институцијата. Исклучок од оваа Уредба се работниците во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, јавните здравствени установи во Република Северна Македонија, царинските службеници, единиците за противпожарна територијална заштита, во инспекциските служби, како и лицата што работат во старечките домови. Тие неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година и делот од годишниот одмор за 2020 година, кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, можат да го искористат до 31 декември 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице во Министерството.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Дали Филев, наркодилер, алкохолизиран насилник, е вратен за директор зашто и е потребен на Тренчевска за изборен поткуп

Тренчевска: Разрешување на директори со еднострана одлука во време на избори е незаконски акт

Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога

Тренчевска: Повторно популизам и невистини од кабинетот на техничкиот министер

Предраг Петровиќ

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов