Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Од:

Работниците кои ги отпушти директорката на ЈП Комунална хигиена, Косана Мазнева, ќе се вратат на работа, затоа што според Државниот инспекторат за труд отказите биле незаконски.

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека десетици отпуштени во Комунална хигиена – Скопје, меѓу кои и на таканаречениот фамилијарен клан Дардишта, се враќаат на работа откако Државниот инспекторат за труд донел одлука во нивна полза.

„Ве известуваме дека од страна на Државниот инспекторат за труд по поднесената преставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, со обезбедена бесплатна правна помош од СУТКОЗ и ССМ, донесена е Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор“, објави ССМ.

Сојузот на синдикати ја поздрави брзата реакција на инспекторатот, а синдикатите очекуваат Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје на седницата која ќе ја одржи денес постапувајќи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места.

„СУТКОЗ и ССМ изминатиот период укажуваа дека раководството на Комумална хигиена Скопје треба да го почитува законот и колективните договори и дека постапките кои се преземаат се ништо друго туку реваншизам кон работниците за нивната синдикална борба. ССМ апелира на дијалог помеѓу СУТКОЗ и раководството на Комунална хигиена Скопје“, велат од ССМ.

Отказите на 27 работници следуваа откако директорката Мазнева обвини дека ја блокираат работата на претријатието, па поради тоа делови од Скопје останаа неколку дена со неиспразнети контејнери за смет. Директорката Мазнева рече дека тие биле криминална група која со години работела трета смена која повеќе се плаќа, а дел од нив не ни доаѓале на работа обвинувајќи ги дека правеле приватни бизниси од фирмата, богатејќи се на сметка на претпријатието.

Работниците не добија отказни решенија во кои требаше да бидат наведени причините за отказот, туку биле известени со листа на огласна табла кога стигнале на работа.

Би можело да ве интересира

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов