Тренчевска: Повторно популизам и невистини од кабинетот на техничкиот министер

Од:

По изјавата на техничкиот министер од ДПМНЕ за состојбата во ЈОУ Дом за стари лица “Зафир Сајто” во Куманово, се прашуваме дали министерот побарал информации од соодветниот сектор во министерството за да ги добие точните податоци или единствено е фокусиран на ширење на гол популизам и дезинформации. Токму тие изјави зборуваат за работата на техничкиот министер, кој очигледно не е излезен од позицијата на кабинетски службеник од времето на Димо Спасов, кога владееше дпмне и не се почитуваа закони, туку се работеше на популизам и реваншизам, реагира дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска

Денес видовме како техничкиот министер од дпмне за ситни политички поени ја брани неспособноста на директорот на „Зафир Сајто“, Дејан Стојановски, кој како менџер на институцијата знаел дека треба да донесе годишен план за вработување за 2023 година, согласно Закон и истото не го сторил со што согласноста за 15 вработувања на неопределено во институцијата не ја реализирал. По доставено барање за вработување на определно во мај 2023 година, Министерството за финансии одобрува вработување за вкупно 10 лица.

Ако навистина Стојановски се грижел за институцијата наместо барања за административен кадар ќе барал за негуватели, а не од 10 работни места кои ги барал само 3 се за негуватели. Дополнително, за 2024 година барањето за добивање согласност за вработување на нови лица е комплетирано и доставено денес, 12.02.2024 година за 10 нови вработувања. И повторно само 3 се за негуватели, а останатите се за друг административен кадар.

Лошото менаџирање на „Зафир Сајто“ е евидентно, ама тоа не е вина на Министерството за труд и социјална политика во изминатите години, туку единствено на одговорното лице на „Зафир Сајто“ кој очигледно е дека не знае да раководи со институцијата во корист на граѓаните.

И кога техничкиот министер излегува со изјави во медиумите треба да знае дека фактите колку и да сака да ги сокрие, тие постојат во архивата на Министерството за труд и социјална политика, реагира Тренчевска.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Дали Филев, наркодилер, алкохолизиран насилник, е вратен за директор зашто и е потребен на Тренчевска за изборен поткуп

Тренчевска: Разрешување на директори со еднострана одлука во време на избори е незаконски акт

Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски

Штрајк има, но градинките ги згрижуваат децата објави Министерството за труд и социјална политика

За време на штрајкот градинките ќе работат, децата ќе бидат згрижени велат од МТСП