Српскиот државен Телеком влегува во Македонија, веќе основал фирма во земјава

Од:

Генералниот директор на компанијата „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, за српските медиуми изјави дека во четвртокот во Скопје започна основање на компанијата „Телеком“ во Северна Македонија, кое ќе се вика Мтел.

Тој вели дека компанијата ќе започне со работа за еден месец – најпрво со понуда на услуги за сателитска телевизија, а до крајот на годината ќе понуди и мобилни телефонски услуги и оптички интернет.

-За нас, одлуките донесени на Економскиот форум во Скопје се многу важни, бидејќи ние сме компанија која сака да биде лидер во регионот. Имавме планови за проширување на пазарите во Северна Македонија и Албанија, плановите постојат од пред три години. Се обидовме да влеземе на албанскиот пазар со купување на Албански Телеком, но на крајот бевме спречени, изјави Лучиќ.

-Причината зошто сум во Скопје е што започна основањето на компанијата Телеком Србија во Северна Македонија и ќе се вика Мтел, како што се викаат нашите компании во Црна Гора и БиХ, посочи Лучиќ.

Тој изјави дека регионалните иницијативи дополнително ги бришат границите за економијата и додаде дека ова е важно за Телеком, кој сака да биде присутен во сите земји во регионот.

Телеком Србија а.д. Белград е српски државен телекомуникациски оператор, основан како акционерско друштво во јуни 1997 година.

Мнозински сопственик на компанијата е Република Србија со 58,11 проценти сопственички удел. Покрај државата, сопственици се и Телеком Србија а.д. Белград со 20 проценти од акциите, граѓаните на Република Србија со 14,95 проценти и вработените и поранешни вработени во Телеком Србија а.д. Белград со 6,94 проценти.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

4iG заинтересирана за влез и во Грција

Јунајтед Груп стана член на Извршниот одбор на ЕТНО

Јунајтед Груп поддржана од БЦ Партнерс постигна договор да го купи грчкиот телекомуникациски оператор Винд Хелас

Ана Ололовска

Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Жарко Настоски

Јунајтед Груп ја презеде најголемата бугарска медиумска групација Нова

Жарко Настоски