Јунајтед Груп стана член на Извршниот одбор на ЕТНО

Од:

Јунајтед Груп, водечкиот снабдувач на телекомуникациски услуги и медиуми во Југоисточна Европа, објави дека е избран за еден од 13-те членови на Извршниот одбор на ЕТНО (Европската асоцијација на оператори на телекомуникациски мрежи) меѓу Telecom, Orange, Telefonica, BT, Telenor, Telia, TAG и КПН.

За време на генералното собрание на Европската асоцијација на оператори на телекомуникациски мрежи во Скопје, Северна Македонија, ЕТНО ја одобри стратегиската ориентација и управување за 2023 година и донесе неколку одлуки за управување.

„Среќни сме што работиме со европските институции како ЕТНО за да изградиме подобра законска и регулаторна рамка која ќе обезбеди поттик за телекомуникациските компании да инвестираат во најсовремена инфраструктура и подобрени дигитални услуги за нашите потрошувачи. Ова е јасно признание за вредноста на Јунајтед Груп во европскиот дигитален екосистем“, изјави Драгица Пилиповиќ Чафи, Потпретседател на Јунајтед Груп за корпоративни прашања.

Во следните три години д-р Жанет Захариева, главен советник во Виваком, ќе ја претставува Јунајтед Груп во Одборот на асоцијацијата, заедно со другите водечки провајдери на дигитални мрежи и услуги.

ЕТНО е главна група за креирање на политики за европските електронски комуникациски оператори. Нејзините членови се столбот на дигиталниот напредок на Европа. Назначувањето и дава на Јунајтед Груп место на масата за клучни политички одлуки кои влијаат на иднината на телекомуникацискиот сектор.

Преку ова назначување, Јунајтед Груп активно ќе учествува во креирањето на иднината на телекомуникацискиот сектор и ќе придонесе за целите на ЕТНО за 2023 година, кои вклучуваат зајакнување на заедниците преку пристап до инклузивна дигитална инфраструктура и услуги, истовремено овозможувајќи драматично намалување на емисиите на јаглерод.

За Јунајтед Груп

Јунајтед Груп, со седиште во Холандија, во чии рамки работи Тотал ТВ во нашата земја, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Активна во осум земји, компанијата има приближно 15 милиони корисници и повеќе од 15.500 вработени. Таа генерира приближно 2,5 милијарди евра годишни приходи. Јунајтед Груп има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивниот избор на ТВ содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигиталната инфраструктура, содржината и технологијата обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. Јунајтед Груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите светски инвестициски компании, од март 2019 година.

За повеќе информации, посетете ја https://united.group

ПР Текст

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

4iG заинтересирана за влез и во Грција

Јунајтед Груп поддржана од БЦ Партнерс постигна договор да го купи грчкиот телекомуникациски оператор Винд Хелас

Ана Ололовска

Српскиот државен Телеком влегува во Македонија, веќе основал фирма во земјава

Жарко Настоски

Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Жарко Настоски

Јунајтед Груп ја презеде најголемата бугарска медиумска групација Нова

Жарко Настоски