4iG заинтересирана за влез и во Грција

Од:

Унгарската компанија 4iG којашто е заинтересирана за влез во Северна Македонија, веќе е пријавена на тендерот за купување на грчкиот телекомуникациски оператор Нова. Компанијата изразила интерес за купување на Нова, заедно со други компании како Saudi Telecom (STC), со седиште во Ријад, Саудиска Арабија, телекомуникациската група Etisalat од Абу Даби, меѓународниот инвестициски фонд PPF Групацијата со седиште во Холандија, австриската телекомуникациска компанија A1 Telekom Austria Group, американската инвестициска компанија Providence, исто така американската инвестициска компанија Warburg Pincus како и британскиот инвестициски фонд Apax Partners.

4iG поседува компании во Албанија и Црна Гора, ALBtelecom и Telenor, кои оперираат под брендот One. Во овие две земји има покрива над 2,2 милиони домаќинства и 400 000 бизнис клиенти.

Со најновите аквизиции во Унгарија во последниве години, вклучувајќи ги Vodafone Magyarország Zrt., DIGI Távközlési és Szolgáltató Kft., Invitech ICT Sevices Kft и HungaroDigitel, ја направија групата втора по големина телекомуникациска компанија во Унгарија, со вкупно околу 3 милиони и речиси 2 милиони корисници на фиксна линија.

Групацијата 4iG моментално има 28 подружници во 4 земји и вработува повеќе од 8 000 луѓе.

Линк од веста

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

Мицкоски: Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, мораме да го заштитиме стандардот на граѓаните

Предраг Петровиќ

Јунајтед Груп стана член на Извршниот одбор на ЕТНО

Јунајтед Груп поддржана од БЦ Партнерс постигна договор да го купи грчкиот телекомуникациски оператор Винд Хелас

Ана Ололовска

Српскиот државен Телеком влегува во Македонија, веќе основал фирма во земјава

Жарко Настоски

Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Жарко Настоски