Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Од:

Комисијата за транспорт и врски едногласно го усвои Предлогот за измени на Законот за електронски комуникации, во прво читање. Измените на Законот се прават поради усогласување со Меморандумот за соработка за безбедност на 5Г со САД, потпишан 2020 година, со Меморандумот за разбирање во рамките на Балканскиот процес, како и со директивите на ЕК.

Измените на законот ги образложи заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, кој рече дека нивната цел е да ограничат или наметнат специфични барања и услови базирани на процена на ризик во однос на снабдувањето, работењето и употребата на опремата за електронските комуникациски мрежи.

– Меѓу другото, земајќи ги предвид и безбедноста на критичните и чувствителни делови на електронските комуникациски мрежи, безбедноста на самата опрема и околина, како и ризик од инволвирање на трета земја во ланецот на снабдување со опрема за електронските комуникациски мрежи во насока да се елиминираат можните ризици за националната безбедност, рече Бајдевски.

Со предложените измени на Законот се прави процена на профилот на ризик кај добавувачите и производителите на опрема за електронски комуникациски мрежи.

– Агенцијата за електронски комуникации во соработка со Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти прави процена на профилот на ризик за добавувачите и производителите на мрежна опрема на национално ниво. Се наметнува обврска на операторите, со цел да имаат воспоставени процедури, и треба да преземат мерки и соодветна контрола, со цел ефикасно управување со потенцијални ризици, како што се специфичните побарувања на добавувачи и производители, согласно со нивниот профил на ризик, преку соодветна автентикација, авторизација, евидентирање на записи и проверка со цел да се има јасна евиденција на пристапот до податоците и конфигурациските промени на мрежните елементи, објасни Бајдевски.

Со Предлог измените на Законот за електронски комуникации се обезбедува безбедно управување, работа и мониторирање на електронските комуникациски мрежи, како и контрола кога надлежностите за одржување на мрежната опрема е пренесена на друго лице.

Заменик-министерот појасни дека со овие измени ќе се има предвид вкупниот ризик на в

Би можело да ве интересира

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Собранието доби „глува соба“ за доверливи документи

Катерина Ѓуровски

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки