Раст на бројот на корисници на интернет преку мобилна мрежа

Од:

Во Македонија во првиот квартал годинава пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) имале 1.275.168 претплатници, или за 0,70 проценти повеќе во однос на последниот квартал лани, а за 12,38 проценти споредено со првиот квартал од 2017 година.

Како што покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации, пазарниот удел на оне.ВИП оператор во вкупниот број корисници на интернет преку мобилна мрежа во првиот квартал годинава изнесува 52,05 проценти, Македонски Телеком учествува со пазарен удел од 46,38 проценти, додека Лајкамобајл има пазарен удел од 1,57 проценти.

Според Извештајот за развој на пазарот за електронски комуникации на АЕК во првите три месеци од годинава бројот на претплатници на пристап до интернет со широк опсег изнесувал 399.575 претплатници односно за 0,83 проценти повеќе во однос на четвртиот квартал од 2017 година, а за 5,02 проценти споредено со првиот квартал лани.

Во првото тримесечие пристап на интернет преку оптичка мрежа имале 42.196 претплатници, односно за 88,77 проценти споредено со истиот период минатата година.

Од 94 нотифицирани субјекти во евиденцијата на АЕК, 92 обезбедувале услуги за пренос на податоци во првиот квартал од 2018 година.

Би можело да ве интересира

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Јунајтед Груп стана член на Извршниот одбор на ЕТНО

Осум лица осудени во Германија за овозможување илегална работа на интернет сајтови

А1он

Гутереш бара сите луѓе да бидат поврзани на интернет до 2030 година

А1он

ДЗС: Техничките пречки во пописот не се должеа на интернет конекцијата

А1он

Јунајтед Груп поддржана од БЦ Партнерс постигна договор да го купи грчкиот телекомуникациски оператор Винд Хелас

Ана Ололовска