(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Од:

Многу луѓе ни кажаа дека името на нашата фирма е влезено во голема измама на интернет, сведочи Милан Савов од компанијата „СмартКлик“, чие име е злоупотребено во големата интернет измама која ја разоткри А1он. Во МВР направиле само записник и од тогаш нема слушнато никакви нови информации од полицијата.

„Пријавивме во МВР, се направи записник за целиот случај, пријавивме на WhatsApp и плус репортиравме на LinkedIn, затоа што дел од луѓето кои беа контактирани веќе се поврзале и таму. 04.05 Повеќе луѓе, можеби сите беа свесни дека се измамени, се јавија да ме предупредат на некој начин дека нешто се случува.“ вели тој за А1он.

Но, не е злоупотребено само името на неговата компанија. Се користат имиња како на фирми од Македонија, така од компании од регионот кои работат со оптимизација, бидејќи така измамниците се претставуваат на жртвите.

Во меѓувреме, лицето кое на WhatsApp на А1он се претстави како Адам од „Сигниус интернешнал“ веќе една недела ја нема користено апликацијата. На Телеграм пак, е различна приказна: „Рецепционерката Лара“ е активна и откако излеговме од групниот разговор каде ги испраќаат т.н. задачи, прашавме колку имаме заработено. Очекувано, нема ниту одговор, ниту пак префрлени пари.

Луѓето пак, се загрижени од каде измамниците ги наоѓаат нивните телефонски броеви. На некои им се вели дека се најдени бидејќи аплицирале за различни онлајн работи на американскиот пазар, додека пак на други, им се избегнува одговорот. Американските броеви кои ги контактираат граѓаните пак, се напишани како бизнис сметка на WhatsApp.

До Министерството за внатрешни работи пак, досега нема пристигнато ниту една пријава од граѓани, иако полицијата охрабрува да се пријави секоја злоупотреба и измама.

„Во Секторот за компјутерски криминал до моментов не се евидентирани такви пријави“, велат од МВР за А1он.

Дел од граѓаните со кои контактираше А1он велат дека не пријавуваат од страв, иако е направена штета на нивниот буџет, но и поради тоа што се сомневаат дека парите кои ги префрлиле преку апликациите за тргување со криптовалути, нема да си ги вратат назад.

Би можело да ве интересира

Измамник од скопјанка зел речиси 5.000 евра

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога

Сите дојави за бомби во училиштата се лажни

Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави за бомби во училиштата, соопшти МВР

Катерина Ѓуровски

Вработен во Здравствениот дом во Кратово бил во странство, но сепак добил плата