Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Од:

ДПМНЕ со години го претвораше Артан Груби во рекламно лице на сопствената борба против криминалот. Прес-конференции, милионски афери, крупни риби, спектакуларни ветувања за одговорност и триумфални соопштенија дека правда ќе има. Во февруари отидоа дотаму што прогласија дека судскиот процес веќе почнува, иако обвинение тогаш немаше. После такво чукање во гради, резултатот што го произведоа институциите е толку мизерен што од најавуваната немилосрдна правда остана обвинение со четирипати понизок казнен плафон и едно огромно прашање – каде по пат им исчезна тежината на делото и “лавовската” храброст, наведуваат во соопштение од Левица.

На 16 декември 2024 Обвинителството отвори истрага против Груби за Проневера во службата, тврдејќи дека од прибраните докази произлегува основано сомнение за дејствија поврзани со противправна корист од 501.319.119 денари.

Уште поинтересно: на 24 февруари 2026 истото Обвинителство јавно соопшти дека прогонот против него продолжува токму за проневера и дека по истрагата се обезбедени најголемиот дел од потребните докази.

Е па сега јавноста има право да праша како докази што тогаш беа обезбедени исчезнаа во нивната правна анализа за шест месеци и како истрагата за дело со казна од најмалку четири до дваесет години заврши со обвинение за дело за кое казнената рамка оди најмногу до пет години?

Патот до ова обвинение е уште поголем резил. Груби на ДПМНЕ им помина преку граница, беше недостапен околу 14 месеци, не го обезбедија, се врати, Обвинителството побара куќен притвор со образложение дека доказите главно се обезбедени, а денес најгласниот симбол на нивната неселективна правда влегува во судница со правна квалификација неспоредливо поблага од онаа со која започна истрагата.

Ако после сите нивни пресови, закани и патетични декларации ова е врвот на државната пресметка со високата корупција, тогаш Мицкоски изградил фабрика за политичка бучава во која крупните случаи влегуваат како спектакл, а излегуваат како мачкина кашлица.

Левица бара Обвинителството да објасни кој елемент на првично истражуваната проневера не бил потврден со доказите, кои факти ја наложиле преквалификацијата и како доказите што во февруари беа прогласени за речиси целосно обезбедени доведоа до ваков обвинителен епилог.

Ако ДПМНЕ вака ги лови крупните риби, јавноста има добра причина да стравува дека повторно ќе добиеме македонска класика на спектакл на почетокот, слабеење по пат и епилог несразмерен на вревата со која ДПМНЕ ја освои власта, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици

A1on

Две лица од Битола и Прилеп се уапсени поради предизвикување пожари

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, во Гостивар никој не лажеше

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

Во вторник ќе се прска против комарци во Скопје