СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

Од:

Истиот ден кога ВМРО-ОКГ објави дека водата во Гостивар конечно може да се пие, Јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија објави дека водата во нивниот водовод не е безбедна ниту за пиење, ниту за готвење, се наведува во соопштението од СДСМ кое интегрално го објавуваме.

Мицкоски и Клековски повторно избегаа.

Вчера во Гостивар организираа здравица и групна фотографија со чаши вода. Срамота.

Премиерот и министерот за здравство не беа таму.

Од екскурзија „пуштаа“ вода.

Не сакаа да се појават пред граѓаните.

Ако повторно настане проблем, одговорноста ќе ја префрлат на некој друг. Ќе речат: „Бев на екскурзија.“

Мицкоски од почетокот на кризата и епидемијата на жолтица во Гостивар ниту еднаш не се појави меѓу луѓето што цел месец пиеја загадена вода.

Наместо Мицкоски и Клековски – пратија полицаец да наздравува и да објаснува колку е „вкусна“.

А реалноста?

Преку 50 градови во Македонија немаат редовни и јавни анализи на водата.

Постојат сомневања на неисправност.

Четири реки се загадени.

Никаде ниту еден документ.

Никаде ниту една одговорна личност.

Наместо официјални извештаи, лабораториски анализи и редовни контроли на квалитетот на водата, ние имаме луѓе кои пијат вода од чешма и врз основа на тоа тврдат дека водата е чиста и безбедна.

Од кога тоа е метод за проверка на исправноста на водата?

Имаат чувство како Мицкоски, дека нивниот збор е доволен наместо анализа и доказ?

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишниот лидер на ПЦЕР и поранешен министер

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1