Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, во Гостивар никој не лажеше

Од:

Пиењето вода од градска чешма во Гостивар пред камери, не било успех туку срам, порача денеска здружението на Венко Филипче.

Венко и оние коишто ги праќа денес пред камери, ги потсетувам што е здравствен скандал претворен во театар, напиша на ФБ, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетувам дека Венко јавно ЛАЖЕШЕ, си играше театар и како министер ЗЛОУПОТРЕБИ бебе, притоа внука, за ЛАЖНО да се сними дека ја вакцинира!

Фатен дека на иглата на вакцината има капаче, потоа ПРИЗНА ДЕКА ЛАЖЕЛ! И толку, никаква одговорност, како и секогаш кога Венко е фатен во лага.

Денес во Македонија не владејат луѓе како Венко и тие околу него.

Во Гостивар, Венко, денеска никој не лажеше, немаше капачиња на чашите како што имаше на иглата со којашто натера докторка да се снима дека вакцинира бебе коешто патем не било ниту дораснато за вакцинација.

Денеска во Гостивар, Венко, никој не лажеше, во Гостивар се покажа дека се надминати хаосот и здравственото лудило зад коешто има твој потпис на поддршка и на владеењето на твоето здружение.

Наместо да шириш панични лаги за Гостивар, но веројатно и за Скопје, прибери се на клиника да не те чекаат пациентите со денови по ходниците, доколку воопшто си имал и останало нешто хумано во тебе, напиша Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Македонија е подготвена да го измени Уставот за пристапување кон ЕУ, но бара гаранции

Горан Наумовски

Антикорупциска оформи предмет – Истражува судир на интереси во случајот Фокуснет против Македонски Телеком

Предраг Петровиќ

Пристигнаа дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип, досега се вакцинирани 28.035 граѓани

(ВИДЕО) Филипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на власта

Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области

Горан Наумовски

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди