Србија: Итен состанок на ЦЕФТА или ограничувања кон Македонија

Од:

Српската влада бара итна седница на ЦЕФТА или ќе воведе реципрочни мерки кон Македонија, доколку во наредните десет дена не се реши проблемот со ограничувањето на македонскиот увоз на брашно и пченица од Србија.

Министерот за трговија Расим Љајиќ, упати писмо до Секретаријатот на ЦЕФТА со барање за вонредна седница за условите кои ги наметнува македонската влада.

Доколку не се најде решение, Србија ќе ја разгледа опцијата за ограничување на македонските домати и вина, а српските министерства веќе работат на подготовка на вакви мерки.

– Владата на Србија е свесна за лошите страни на ваквата одлука, но во интерес на нашето стопанство сме принудени ја да донесеме, со оглед на тоа дека веќе четврта година по ред, Македонија го ограничува увозот на пченицата и брашното од Србија, со што го криши договорот од ЦЕФТА – се наведува во соопштението на српската Влада.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија