Социјална заштита минатата година користеле 14 758 малолетници и 43 040 полнолетни лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаат услугите на социјална работа, кои изнесуваат 49.5 %, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаат услугите за социјална заштита, 84.9 %.
Во 2017 година, 26 160 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош.