Сакаме да учествуваме со 10 отсто во гасниот терминал во Грција, вели Заев

Од:

Преку договорот од Преспа остваривме соработка со Грција во енергетиката, со што стануваме земја којашто предничи во регионот по инвестиции во зелена енергија, напиша на неговиот ФБ профил премиерот Зоран Заев.

– Нашата намера е да партиципираме со 10 проценти во гасниот терминал Александрополис, којшто е вреден околу 400 милиони евра, со 25 проценти во гасната централа којашто е веднаш до гасниот терминал со капацитет од 630 до 830 MW, вредна преку 400 милиони евра, објави Заев на фејсбук.

Посочува дека се отворени можности за унапредување на економските односи со Грција и во други области. Тоа се, подвлекува, перспективи за нови работни места, високи плати и секако раст на трговијата меѓу Северна Македонија и Грција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски