Ристовски:Опозицијата да ги надмине политичките интереси и да заседава Комисијата за труд

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска апелираше претседателката на  собраниската Комисија за труд и социјална политика од редовите на СДСМ да свика седница на која би се разгледале повеќе закони од трудовото право меѓу кои и Законот за  пензиското и инвалидското осигурување со кој треба да се овозможи мартовското зголемување на пензиите најавено од Владата.

– Вчера бевме сведоци на една политичка комуникација меѓу мојата матична партија и опозициската СДСМ. Би апелирал и замолил во интерес на 280.000 пензионери и 40.000 социјални домаќинства коишто го очекуваат зголемувањето на пензиите и социјалната парична помош, СДСМ да ги надмине своите политички интереси и да ја продолжи расправата по однос на Законот за бранители, но истовремено претседателот на Комисијата да ја закаже работата на следната седница на Комисијата затоа што ова се закони од кои бенефит ќе имаат стотици граѓани, изјави Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната трибина за зајакнувањето на социјалниот дијалог во државата.

Ристовски нагласи дека на оваа седница на Комисијата освен законите поврзани со пензиите и социјалната парична помош, треба да бидат разгледани и Законот за работни односи со кој се регулира заштитата на мајките родилки, како и законот за привремени вработувања.

Седуммина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, членови на Комисијата за труд и социјална политика, испратија барање до претседателката Цветанка Иванова за свикување седница на чиј дневен ред би биле ставени девет закони.

Претседателката на Комисијата, Иванова вчера изјави дека нема намера да свика нова седница на собраниското тело се додека не заврши разгледувањето на над 15.500 амандмани за Законот за бранители.

Доколку Иванова писмено не одговори на барањето или доколку воопшто не одговори, деловнички постои можност седницата да ја свика претседателот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска