Ристовски на Регионална министерска конференција во Бугарија

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски е во дводневна посета на Република Бугарија, каде учествува на регионалната министерска конференција на тема  „Стоп на сместувањето на децата до три години во институции: поддршка на семејствата во одгледувањето на мали деца“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Децата на возраст под три години, кои се напуштени од своите родители и сместени во установа, се меѓу најранливите категории на деца во општеството. Современите истражувања покажуваат дека периодот од 0 до 3 години е првата развојна фаза во животот на детето и  дека институционализацијата на децата во овој период претставува сериозен проблем кој предизвикува штетни ефекти врз здравјето и натамошниот развој на детето.

– Од тие причини како и во другите земји од регионот, така и во Република Македонија се преземаат низа мерки и активности со цел да се спречи напуштањето на новороденчињата од страна на родителите, како и да се обезбеди подобра заштита на новороденчињата лишени од родителска грижа. Во текот на изминатите две децении направивме значаен напредок во обезбедувањето повисок степен на реализација на правото на секое дете да расте во семејство. Од 2000 година, бележиме значителен пад на бројот на деца од 0 до 18 години во институционалната грижа, и тоа од 965 во 2000 година до 642 во 2010 година, потенцирал во обраќањето на конференцијата министерот Ристовски.

Воедно, тој се осврнал на спроведувањето на процесот на деинституционализација, со кој се предвидува развој и јакнење на мрежата на згрижувачки семејства со посебен акцент на  развој на згрижувачки семејства обучени за грижа на деца од 0-3 години. Во Република Македонија во последните години значително е зголемен бројот на згрижувачки семејства, односно од 111 згрижувачки семејства во 2008 година денес имаме  155 згрижувачки семејства, во кои се сместени 220 деца.

– Особено сум задоволен што нашата посветеност на реформите во процесот на посвојување придонесе кон намалување на времето што децата го поминуваат во државна грижа, за повеќе од половина, истакнал Ристовски.

Домаќин на дводневната конференција е Владата на Република Бугарија, под покровителство на претседателот,Росен Плевлениев во соработка со УНИЦЕФ.  На конференцијата, покрај министерот Ристовски, учествува и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Шелдон Јет, како и  претставници на повеќе од 20 земји од Европската унија.

Целта на конференцијата е размена на искуства и практики преку кои што владите ќе можат да креираат и имплементираат политики што ќе даваат силна поддршка на семејството. Државите можат заеднички да делуваат на превенција од сместување на деца во институции.

Во рамките на дводневната посета на Бугарија, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски во текот на вчерашниот ден остварил средба со неговиот бугарски колега, Тотју Младенов. На средбата се разговарало за поквалитетна соработка помеѓу двете држави во областа на трудовите прашања, мобилност на работници, имплементацијата на Договорот за социјално осигурување, како и за потпишување дополнителни билатерни договори за соработка. Исто така, двајцата министри разговарале и за иницирање регионална соработка во областа на трудовото законодавство и инспекциските надзори.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска