Регулаторна ја одзеде лиценцата на БЕГ

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која престанува да важи Одлуката за издавање на лиценца за вршење на дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител. Оваа значи дека Друштвото за производство на топлинска енергија БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје повеќе нема лиценца за вршење на енергетска дејност производство на енергија од страна на регулиран производител.

Оваа одлука следува по претходно одржана подготвителна седница во врска со барањето на БЕГ за прњстанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност регулирано производство на топлинска енергија.

Ова е една од трите лиценци што ги има БЕГ, и од оваа компанија имаме најава дека во следниот период ќе поднесе и барања за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки. За денешната одлука согласно Законот за енергетика, ја извстивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлинска енергија по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Како клучни причини во барањето за престанок на важноста на лиценцата БЕГ ги наведува: кредитната неспособност, нарушената ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски против БЕГ, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Владата нема договорено решение за парното во Скопје, Ковачевски: Сега работиме

Кристијан Ландов

РКЕ: Потрошувачите кои се приклучени на БЕГ да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија.

Катерина Ѓуровски

Бислимоски теши, ама ни сам не знае дали резервите на нафтените компании се полни

Цената на топлинската енергија утврдена согласно берзанските цени на природниот гас, сметките ќе останат исти

А1он