Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Од:

Нема никакви екстра профити за компаниите кои ги снабдуваат со електрична енергија домаќинствата на регулираниот пазар ниту пак се оштетени потровачите, одговори првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на обвинувањата дека воведувањето на 200 денари давачка за пристап до мрежа било неуставно.

– Нема никакви екстра профити и дека укинувањето на надоместокот од 200 денари како би се одразило. Тоа се 2400 денари на годишно ниво. Дали ќе има 200 или нема да има 200 денари, приходот на Електродистрибуција е ист. Укинувањето на надоместокот би ги зголемило цените на електричната енергија за прв блок 9,3%, односно за евтина тарифа за 14,54 проценти.

Најпластично сакав да покажам дека ниту сме дале екстра профит ниту пак сме им наштетиле на потрошувачите,туку воведовме правилен начин на распределба на трошоците. Зошто оние што имаат редовна потрошувачка да имаат поскапа евтина струја за 14,5 проценти за да ги спасиме оние што имаат по пет стана и не живеат во нив.

Тоа беа причините поради кои РКЕ се реши да гововеде овој надоместок од 200 денари. Како ќе минува времето, потрошувачката на електрична енергја се повеќе ќе се намалува благодарение на трендот на поставување на фотоволтаици кај фирмите и кај домаќинствата. Не е фер оние што немаат пари за фотоволтаици да плаќаат зголемена цена на струјата поради намалената потрошувачка. Ќе постават оние што имаат пари, а не верува дека на тие им е проблем да плаќаат 200 денари – образложи Бислимоски.

Во однос на најавите од одредени партии дека ќе се укинуваат одлуки и ќе се носат одлуки за граѓаните, Бислимоски рече дека одлуки за цени за преност на електрична енергија, тарифни системи за дистрибуција и за преност, тарифен систем за универзалниот снабдувач носи само регулаторот за енергетика.

– Ниту партија вовела евтина тарифа, ниту партија може да укине надоместок, тоа може само РКЕ, додаде првиот човек на Регулаторна.
Бислимоски истакна и дека во 2023 споредено со 2022 година цената на електрична енергија е намалена за 10 проценти, а како резултат на воведувањето на евтината тарифа во јануари 2024, потрошувачката на струја во евтина тарифа е зголемена за 18 проценти.

Би можело да ве интересира

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Бислимоски: Енергетската заедница треба да се изјасни за државата помош за гасни централи

Орце Костов