Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) во февруари има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталирана моќност од 29,16 MW, со што вкупната инсталирана моќност за две години и два месеци достигнува над 616 MW.

„Лиценци за нови енергетски инвестиции во капацитети со вкупна инсталирана моќност од над половина GW (616 MW) се издадени, изградени и пуштени во употреба за 26 месеци. За споредба еден блок од РЕК Битола е со инсталиран капацитет од 233 MW, а Осломеј е 125 MW од каде се произведува струја од јаглен, тоа се капацитети што се граделе со години и се дефинираат како стожери во енергетската независност.

Денес, за две години и два месеци изградени се и пуштени во мрежа нови енергетски капацитети со инсталирана моќност од 616,42 MW што произведуваат струја доминантно од Сонце, но има и од ветер, вода и биомаса. Ако направите споредба денес имаме еден нов РЕК Битола реализирано, или три нови ТЕЦ Осломеј – и токму затоа енергетската транзиција не е тема за дискусија тука таа е реалност“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Новите енергетски капацитети со инсталирана моќност од 616,42 MW што произведуваат струја од обновливи извори се доволни за потребите на 194,5 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов

Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаиците

Орце Костов

ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Орце Костов