Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаиците

Од:

Електродистрибуција, за сите заинтересирани дистрибутивни производители, на својата веб страна www.elektrodistribucija.mk стави на располагање интерактивна мапа на која e прикажан моменталниот капацитет на високонапонските трафостаници за приклучување на фотоволтаични системи. Сите заинтересирани имаат можност во било кое време да ја проверат состојбата на капацитетите со кои располага електродистрибутивниот систем, како и состојбата во поглед на исполнетост на капацитети земајќи ги предвид и сите потенцијални производители со отпочнати постапки за приклучување во дистрибутивната мрежа.

Мапата содржи и останати детални информации во врска со локациите на трафостаниците, податоци за сумарната моќност на инсталираните трансформатори во рамки на трансформаторската станица, процент на исполнетост на трафостаницата во моментот на ажурирање на податоците за дистрибутивни производители кои се веќе вклучени во дистрибутивниот систем и процент на исполнетост на трафостаница за дистрибутивни производители кои веќе имаат отпочнато постапка за: урбанизација, барање за градежна дозвола или имаат поднесено барање за приклучок кон електродистрибутивниот систем.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Раст од 150 отсто за една година во инсталираниот капацитет на фотоволтаици

Орце Костов

Левица: Власта ќе уништува плодно земјиште за приватни фотоцентрали

Катерина Ѓуровски

Граѓаните изиграни од Владата: Платија најмалку по 5.000 евра за фотоволтаици, а ветените субвенции ги нема

Орце Костов

Измени во Правилникот за урбанистичко планирање за поставување фотоволтаици

Ана Ололовска

Фотоволтаици поставени во сенка: Обвинувања за нова грешка при монтажа во Велес

Орце Костов