Фотоволтаици поставени во сенка: Обвинувања за нова грешка при монтажа во Велес

Од:

Училиштата во Велес инсталираа фотоволтаични панели со цел од сопствено производство да ги задоволат своите потреби и да ја намалат сметката за струја откако се на слободниот пазар, но проектантите или изведувачите се погрижиле да го намалат и производството на енергија од сонцето.

Грешка во монтажа на фотоволтаичните панели врз училишта нема само кај Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес која инсталираше фотоволтаични панели и на северна страна.

Дел од инсталацијата нема да работи со полн капацитет поради грешка во монтирањето и кај средното економско училипште „Јовче Тесличков“ во Велес.

Пратеникот на СДСМ од Велес и поранешен кандидат за градоначалник, д-р Ненад Коциќ на својот Фејсбук профил објави фотографија од панелите и праша зошто половина од панелите се монтирани на јужната страна од спортската сала во склоп на училиштето чија зграда, но и високите дрвја ги покриваат панелите.

„Каде е север, каде е југ? Прашајте го Шпицниот кандидат, оти овој нема појма…Зошто фотоволтаиците на југ се поставени во сенка?“, прашува тој на денот кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во Велес и заедно со градоначалникот Марко Колев вршеа увид на проектите на општината.

„Да се ладат, да не се запалат провизиите“ е еден од коментарите на објавата.

Пратеникот на СДСМ обвини претходно дека со средства од Владата и МОН општините местат фотонапонски панели за сопствено производство на струја во училиштата, а некој паметен половина од нив ги поставува на северна страна.

Подоцна објасни дека според новите информации, основниот проект бил изработен од консултант на гимназијата „Кочо Рацин“ и проектот воопшто не бил таков, но некој ја згрешил монтажата.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Фотоволтаици се граделе без клучен план, институциите не координирале – откри ДЗР

Горан Наумовски

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем

А1он

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција