Гимназијата во Велес со фотоволтаици монтирани на север: „Грешка во основниот проект или изведувачот толку си ја знае“

Од:

Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес инсталираше фотоволтаични панели со цел од сопствено производство да ги задоволува своите потреби или да ја намали сметката за електрична енергија откако училиштата излегоа од регулираниот пазар, но некој се погрижил производството да биде само делумно а не целосно.

На кровот на најстарата гимназија во Македонија се инсталирани фотоволтаици и на северна страна, односно дел од инсталацијата нема да работи со полн капацитет поради сериозна грешка во монтирањето.

Пратеникот на СДСМ од Велес и поранешен кандидат за градоначалник, д-р Ненад Коциќ на својот Фејсбук профил објави фотографија од панелите и праша кој е паметниот кој половина од панелите ги постави на погрешната северна страна.

„Фотоволтаициве насочени кон север??? Со средства од Владата и МОН општините местат фотонапонски панели за сопствено производство на струја во училиштата…

Кој ПАМЕТЕН постави скоро 1/2 од панелите насочени кон север?? Дали основниот проект е згрешен или изведувачот толку си ја знае???“, објави Коциќ.

Подоцна во коментар објаснил дека според новите информации, основниот проект бил изработен од консултант на училиштето и проектот воопшто не бил таков.

„Арно ама некој не знае што е север, што е југ“, вели Коциќ.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Фотоволтаици се граделе без клучен план, институциите не координирале – откри ДЗР

Горан Наумовски

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем

А1он

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција