ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Од:

Откако беше исклучен од мрежа Блок 3 заради дефект на цевка во котелот, во функција е ставен Блок 2 на РЕК Битола. Постројката вчера беше синхронизирана со електроенергетскиот систем во 15:55 часот. Подготвен за работа е и Блок 1 на РЕК Битола.

Ќе биде ставен во погон согласно потребите на потрошувачите наелектрична енергија во земјава и анализите на пазарот на електрична енергија.
АД ЕСМ овој период ги задоволува потребите од електрична енергија на потрошувачите од свои производствени капацитети и преку набавка на електрична енергија, по поволни цени кои му овозможуваат на компанијата намалување натрошоците на работа. За потсетување, од 9 ноември до 16 декември 2023 година и од 1 февруари до 24 февруари годинава, РЕК Битола работеше со сиот свој капацитет, со сите три блока на мрежа.

АД ЕСМ и во иднина ќе ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за потрошувачи врз основа на анализите што секојдневно се прават за расположливоста на сопствените производствени капацитети, побарувачката на струја, како и околностите на пазарот со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Горан Наумовски

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017

(ВИДЕО) Николоски: Врв на криминалот во ЕСМ-Избрана е поскапата понуда на омилената фирма Марковски за ископ на јаглен во вкупен износ од 46 милиони евра