Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

АД ЕСМ како одговорна компанија ја спроведува активната транспарентност која подразбира објавување информации на сопствена иницијатива, без притоа некој да има доставено барање за пристап до тие информации велат од компанијата.

Во прдолжение, целосното соопштение од АД ЕСМ:

Во согласност со таа политика, сите јавни набавки што АД ЕСМ ги има направено во изминатиот период се јавни и целосно транспарентни, иако не постои законска обврска за објавување на јавен повик и за постапки кои се изземени од законот за јавни набавки. Но, АД ЕСМ почитувајќи ја транспарентноста и со чесни намери за информирање на јавноста, јавно ги објавува повиците со цел да се обезбедат квалитетни реагенси коишто се нужни за ефикасно производство на електрична енергија, а притоа се со предвидени минимални услови што му овозможуваат на секој способен субјект во државата да достави понуда.

Затоа, за да се сопрат шпекулациите, АД ЕСМ во прилог целосно ќе го објасни текот на набавката за која се манипулира јавноста изминативе неколку денови.

АД ЕСМ на 08.11.2023 прави интерна порачка за набавка на услуга Ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во Рудник Брод-Гнеотино (рамковна спогодба со еден економски оператор), на 16.11.2023 година е објавена јавната набавка. Согласно законот пред јавното отварање на понудите имаше прашања и одговори.

На 24.11.2023 година ДГУ Пелистер ДОО Битола поднесува жалба со предлог времена мерка и истата била отфрлена како неоснована од Државна комисија за жалби по јавни набавки на 15.12.2023 година.
Согласно записникот од отворање на понудите на 18.12.2023 година, на јавниот повик се јавиле 3 фирми и тоа:
– Марковски Компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола
– ДГУ Пелистер ДОО Битола
– Гранит АД Скопје
По формирањето на Стручна комисија и добиено техничко мислење од истата, се прави извештај од спорведената постапка која содржи изјави од одговорно лице, членови на комисијата за јавни набави и членовите на стручната комисија.
Одлуката за избор на најповолна понуда која ги исполнува сите технички спецификации е донесена на 20.12.2023 година. На 04.01.2024 година, по известувањето за избор на најповолна понуда, извршувањето на управната контрола и известувањето и записникот од управната контрола, Гранит АД Скопје поднел жалба. Државната комисија за јавни набавки на 26.01.2024 ја одбива жалбата поднесена од Гранит АД Скопје поради неоснованост.
На 13.02.2024 година е склучен договор со Марковски Компани за период од максимум 18 месеци, за разлика од претходните договори што биле за период од 12 месеци. Вкупна вредност на овој договор е 2.400.000.000 денари

Оваа набавка се однесува за подолг период, во однос на досегашните, со оглед на независноста во енергетскиот систем, но во исто време е рамковна и флексибилна со што се создава можност најдобриот реагенс да се користи во најдобро време и доколку не е потребен воопшто да не се користи.

Исто така, важно е да се спомене дека АД ЕСМ склучувала договори со Марковски компани и во минатото, односно од пред 2007 година без оглед на политичките и раководните структури во Владата и во раководството на АД ЕСМ. Марковски компани е професионална компанија што е специјализирана за ископување на јаглен и јаловина, скоро 20 години е партнер на АД ЕСМ.

Во продолжение, со укажувањето кое беше донесено од Владата, се создаваше неможност за тековното функционирање на производниот процес, кој не само што вклучува помошна механизација за ископ на јаглен кој како краен производ е поевтин од набавениот од странство, вклучува и низа други реагенси, по што Владата го зема во обѕир стручното мислење на експертите од производниот процес и беше постигнат општествен компромис.

Неминовно е да се земе предвид и фактот дека производството на електрична енергија е од амортизирани постројки, ама сепак со нивно постојано одржување и редовни ремонтни активности, како и користење на квалитетни реагенси се обезбедува стабилно и сигурно производство коешто е доказ дека и во услови на најголемата енергетска криза немаше ниту еден ден рестрикции за граѓаните.

Производството на електричната енергија не е прашање на политичко толкување, туку нужност за функционирање на општеството и ако ги тргнеме на страна сите шпекулации и манипулации, можеме да потврдиме дека електрична енергија во државата имало и ќе има во иднина, независно од политичките игри и намери.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот