Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017

Од:

Каде завршуваат 30% од тендерите во РЕК? На ова прашање треба да одговорат власта на СДС и ДУИ, а по избори треба да знаат дека ќе има одговорност сите инволвирани во тендерот од 46 милиони евра за ископ на јаглен кој на неколку дена пред избори го зема фирмата на белорускиот конзул во Македонија вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– 30% е разликата во цена за ископ на еден кило џул јаглен кој го понудила Марковски компани на белорускиот конзул и на другите фирми на тендерот. Иако Марковски компани имала повисока понуда, таа го добива тендерот. Имено, РЕК Битола ја избира Марковски компани со понудена цена за ископ од 129.7 денари по гига џул, а истовремено ја игнорира понудата од 100 денари по гига џул. Ова не е единствен тендер на истава компанија, која е рекордер во тендери, од над 80 милиони евра во изнинативе години токму во РЕК, за ископи вредни милиони правеле и други фирми блиски до власта. Дали за да го реализираат овој грабеж со самото доаѓање на власт ја поништија набавката на рударска опрема за ископ на јаглен во вредност од 34 милиони евра, распишана од претседателот Мицкоски тогаш како директор на ЕЛЕМ? Набавката предвидуваше набавка на багери, камиони, булдoжери за копање на јaглен во РЕК Битола, и доколку се реализираше истата ќе беше сосема непотребно да се ангажираат надворешни фирми за ископ, па така во РЕК ќе се заштедеа десетици милиони евра секоја година, рече Митева на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наскоро ново раководство на ЕСМ и РЕК Битола, лично сум фокусиран во изборот на кадри

ВМРО-ДПМНЕ: Од организатори на кафеански прослави на Ковачевски за 420 илјади евра, до главен пиар на СДС, Рејтинг на Спасов си ги одработува тендерите

СДСМ: Горда Македонија со понижени работници, ВМРО-ДПМНЕ сака евтина работна сила

СДСМ: 30 дена на Мицкоски, 30 лоши политики

Горан Наумовски

СДСМ: Тошковски да си го праша Мицкоски за тајната коалиција со ДУИ

РЕК Битола работи со еден блок