Цената на топлинската енергија утврдена согласно берзанските цени на природниот гас, сметките ќе останат исти

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои ја утврди цена на топлинската енергија согласно актуелните берзански цени на природниот гас.

„Одлуката е донесена на барање на снабдувачите со топлинска енергија БЕГ и Скопје Север поради енормното зголемување на набавната цена на природниот гас, која има доминантно влијание при утврдување на регулираниот максимален приход за вршење на дејноста. Имајќи ја оваа состојба во предвид, Владата како што знаете донесе одлука за прогласување на кризна состојба со топлинската енергија и предвиде мерки за да се избегне ценовниот шок за сметките за домаќинствата кои се греат на топлинска енергија да останат исти. Ова е практично принципот на солидарност за кој зборував, во време на енергетска криза, во овој случај Владата ќе преземе дел од товарот со цел да се заштитат потрошувачите и да немаат зголемени сметки.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Бислимоски: Приватните енергетски инвестиции ќе донесат пониски сметки за парно

Орце Костов

Бислимоски: Нема да има никаков ценовен шок

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи