Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Од:

Граѓаните се уште го паметат шокот од почетокот на март 2022 година кога за само неколку дена цените на горивата скокнаа за 20 денари и затоа стравуваат дека истото може да се повтори овој месец и кон почетокот на октомври со оглед на тоа дека цените на светската берза растат рапидно и Регулаторната комисија почна да ги променува цените двапати неделно, наместо еднаш.

Цените на горивата во моментов се на нивото од декември 2022 и јануари 2023 година, но поскапувањето што се случува деновиве во проценти е слично на тоа од март 2022 година. Единствена разлика е што тогаш се се случи за една недела, а сега цените од прифатливи 60-70 денари за најголемиот дел од возачите, се ближат до 100 денари за период од три месеци.

Цената на дизелот е 87 денари со најновата промена на РКЕ која важи од вчера, а на почетокот од мај цената беше 66.5 денари за литар. Тоа е покачување од 20.5 денари или зголемување за цели 33 проценти на литар дизел гориво.

извор: АД Макпетрол

Еден резервоар во просек има волумен од 50 литри и за да го наполнат според денешната цена, граѓаните ќе треба да издвојат 4350 денари, ако возат на дизел гориво. Во мај месец еден резервоар од 50 литри можел да се наполни за 3325 денари, односно граѓаните дизел горивото ги чинело 1025 денари помалку.

Оние граѓани што возат на бензин, во мај полнеле резервоар од 50 литри за сума од 3850 денари или 77 денари по литар. Денес истиот резервоар чини 4525 денари, односно 90.5 денари по литар што е за 725 денари повеќе во однос на јуни.

И со овие поскапувања, Македонија има најевтини цени во регионот споредбено со цените на дизелот и бензинот од 95 октани. Во Македонија може да се купи гориво за 1,40 евра дизел и 1,45 евра бензин.

Втора на листата е Босна и Херцеговина каде што литар дизел чини 1,48 евра, а литар бензин од 95 октани чини 1,42 евра според цената која е последен пат променета на 16 септември.

Албанија има највисоки цени на Балканот и тие се слични со некои земји од ЕУ кои имаат многу повисок стандард и просечна плата од нашиот западен сосед. Жестоки реакции предизвикаа цените од 1,84 евра за литар бензин 95 и 1,83 евра за литар дизел, но Владата на Еди Рама ги брани одлуките за носење на цените со тврдење дека се носат според движењето на медитеранската берза и според официјалните фактури кои ги доставуваат увозниците.

Србија исто така има високи цени, за литар бензин 95-ка се плаќа 1.64 евра, додека литар дизел чини 1,79 евра, па не е чудо што граѓаните на оваа земја точат за нив поевтино гориво во Македонија при транзитирањето кон Грција за време на годишните одмори.

Во Косово бензинот чини 1,63 евра, а дизелот се купуваза 1,66 евра. Во Црна Гора цените се движат од 1,65 евра за бензин до 1,55 евра за дизел гориво.

Хрватска, Словенија и Бугарија се во Европската унија, но имаат пониски цени од Србија и Албанија, а Бугарија има исти цени како БиХ.
Новата цена на горивата во Хрватска е 1,63 за бензин 95 октани и 1,68 евра за литар дизел. Во Словенија цените се уште пониски, дизел чини 1,54 евра, а литар бензин е 1,57 евра според одлуката на регулаторот од 16 септември. Треба да се земе во предвид што Хрватска ги менува цените на две недели, а двете земји имаат посебни цени за главните автопатишта кои се обично повисоки, систем кој долги години функционира во Германија.

Во Бугарија пак, цените се 1,48 евра за литар дизел и 1,42 евра за литар бензин 95. Во Грција е 1,79 литар дизел, додека бензинот достигна цена од две евра за литар.

Би можело да ве интересира

Неоправдано е поскапувањето на регистрацијата на возила: Полисите поскапи за 15 отсто

Орце Костов

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Горан Наумовски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов