СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

Од:

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи не даде никаков резултат, цените не се намалија. Само еден вид на леб е со намалеена за само 1 денар, кај одредени врсти на месо има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, а млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени, велат од СДСМ.

„Дури дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени така да ништо не почувствуваа граѓаните од најавеното намалување. Задоцнетата реакција на Владата, погрешната мерка и калкуланството со цел да им удоволи на трговците допринесе за тоа денеска граѓаните да немата никаков бенефит. Живеачката од ден на ден им е поскапа, наместо да ги замрзне цените, власта на Мицкоски ги замрзна платите. Овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец а просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари. Со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа а животот на граѓаните станува потежок“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци

А1он

(ВИДЕО) Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов