(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

Од:

Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов, бидејќи молчат и не го осудуваат линчот врз новинар. Костадинов е дете на Заев, кој има доста научено од него, а тоа го гледаме по заканите по живот врз новинар, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Овие закани по живот врз новинар, докажуваат дека СДС нема што друго да понуди освен закани и сеење страв врз народот. СДС уште веднаш требаше да го осуди неговиот повик за линч и да ги повика институциите да го истражат случајот, но со молкот докажуваат дека стојат позади неговите изјави. Во недостаток на политики и аргументирани критики, СДС и Филипче го пуштаат детето на Заев низ вода за да добијат медиумско значение. Филипче и Заев се црната страна на политиката во Македонија, синоним за неспособност, криминал и устен терор врз граѓаните, вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер