Промоција на Водичот за ХАЦЦП принципите за операторите со храна

Од:

Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ и Секторот за туризам при Општина Охрид денеска пред угостителите и хотелиерите од охридско – струшкиот регион ќе го промовираат „Водичот за ХАЦЦП принципите за операторите со храна, особено во угостителската дејност”.

Водичот го подготвија претставници на ХОТАМ во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на кампањата за интензивирање на имплементацијата на НАССР во угостителските објекти.

Во рамки на кампањата, која ќе се реализира за угостителите и хотелиерите од Охридско- Струшкиот регион,  денеска во Охрид  ќе се одржи и 12-та од планираните 24 едукативни работолници на тема „Интензивирање на имплементацијата на ХАЦЦП принципите во угостителските објекти  во Република Македонија” во организација на Агенцијата за храна и ветринарство.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните