Г-20 изрази подготвеност за поттикнување раст со монетарната и фискална политика

Од:

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г-20 исцртаа мрачна слика за светската економија и изразија уверување дека ќе ја искористат монетарната и фискална политика за поттикнување на економската активност, ако тоа е неопходно.

– Континуирано ќе ги разгледуваме параметрите на монетарната и фискална политика и ќе дејствуваме решително, се наведува во соопштението објавено по крајот на средбата во Истанбул.

Текстот на заклучната декларација речиси и да не се разликува од нацрт резолуцијата.

Учесниците на средбата повикаа, исто така, за координирана борба против финансирањето на терористички групи.

Групата Г-20 очекува драстичниот пад на цените на нафатата да даде одреден поттик на растот на светската економија, но со различни последици за поединечни земји. Специјално падот на цената ќе ја зголеми куповната моќ на земјите увезувачи и ќе изврши притисок за намалување на инфлацијата.

Во документот исто така е посочено и дека земјите од Г-20 ќе ја зајакнат соработката во борбата со финансирањето на тероризмот. Учесниците на состанокот на најбогатите земји ги повикуваат сите земји да го забрзаат процесот на усогласување на нивите закони со меѓународните норми, особено во сферата на размена на информации и замрзнувањето на сметките на терористите.

На средбата на Г-20, исто така, се нагласува слабиот раст на еврозоната и Јапонија, како и дека се очекува забавување на растот на некои земји во развој.

Г-20 ја поздрави програмата за парично олеснување, објавена од Европската централна банка, истакнувајќи дека мерката ќе поттикне дополнително заздравување на еврозоната.

Извршниот директор на ММФ Кристин Лагард, по завршувањето на средбата на групата во Истанбул, го поддржи реформирањето на системот на квоти во организацијата и ја поздрави усвоената од Г-20 стратегија за развој.

Би можело да ве интересира

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина

Лавров: Западот се обидува да ја политизира декларацијата на Г20

А1он