Фунтата на британските аеродроми се продава под едно евро

Од:

Британската фунта продолжува да ја губи својата вредност во однос на еврото и во менувачниците на аеродромите на островот, каде во текот на оваа недела се нудеше и за 86 евро-центи.

Ваква цена фунтата имаше на аеродромот во Саутхемптон, во менувачниците на фирмата „Мани Корп“, што е досега најниска вредност за британската валута на менувачкиот пазар.

Анкетата што била направена од истражувачи на пазараот за пари во Лондон на 16 најголеми аеродроми во Велика Британија, покажува дека просечната вредност на фунтата се движи околу 95 евро-центи.

На вториот терминал на најголемиот лондонски и британски аеродром „Хитроу“ каде има поголем прилив на патници со евра, за една фунта се барале 0,91 евра. Иста таква цена, фунатата имала и на „Станстед“, третиот по големина аеродром во Лондон.

Повисока е вредноста на британската валута на северот од Англија, каде на аеродромот во Њукасл, една фунта се менувала за 1,05 евра.

Цената што изминатата недела беше постигната на дел од британските аеродроми е пониска од онаа во менувачниците, во банките во Лондон и во другите поголеми градови.

Таму фунтата се одржува на ниво од 1,06 до 1,05 евра, но тоа е сепак многу пониско ниво од нејзината вредност на почетокот од летото, кога европските туристи, за една фунта мораа да издвојат 1,3 евра.

Банкарски и валутни експерти предвидуваат фунтата и понатаму да ја губи својата вредност кон еврото, со тренд фунтата и официјално да има иста вредност со европската единствена валута.

Ваков, иако помал, пад се предвидува и кон американскиот долар, што се објаснува со неизвесноста околу преговорите за Брегзит.

Експерти во лондонски „Сити Банк“ признаваат дека во овој период, освен слабеењето на фунтата, реален раст бележи и самото евро, како резултат на вистинското заживување на економиите во еврозоната.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Доларот зајакна во однос на еврото

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски