Државата ќе им го даде ХЕЦ Тиквеш на Грците во замена за стар и амортизиран Чебрен кој ќе го добие после 60 години

Од:

Хидроцентралата „Тиквеш“ е целосно амортизирана, а државата како самостоен инвеститор не успеала да ги ги реализира проектите во енергетиката и затоа Владата се откажа од сопственоста на енергетскиот капацитет на Тиквешко езеро во замена за една третина удел од приватната инвестиција на грчката компанија ППЦ – Архиродон која беше избрана да го гради ХЕЦ Чебрен.

Грците ја добија концесијата за користење на водата на Црна Река за производство на струја со изградба на хидроцентралата Чебрен. Проценетата вредност на инвестицијата е околу една милијарда евра со која е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати.

ПАХЕ „Чебрен“ е биде објект на критичната инфраструктура и ‘рбет на електроенергетскиот систем во Македонија, но за да се случи тоа, Владата се откажува од ХЕЦ Тиквеш, односно од централа која има 98 мегавати инсталирана моќност за да добие една третина од Чебрен, односно само 110 мегавати наместо сите 333 мегавати моќност. Чебрен треба да се гради седум години, односно до 2030 година кога Македонија ќе ги изгаси сите блокови на РЕК Битола поради недостиг на јаглен со што би останале без 2/3 од производствените државни капацитети на електрична енергија.

Експертите предупредуваат дека откажувањето од ХЕЦ Тиквеш е лош чекор на државата затоа што и по 60 години државата ќе го добие ПАХЕ Чебрен исто така како стар и амортизиран објект каков што е Тиквеш, но Владата смета дека подобро е да се откажеме од стар објект кој може да работи исплатливо само заедно со ХЕЦ Чебрен.

– Бошков Мост е нерализиран проект од државата за кој имавме добиено 70 милиони евра пари од Европската банка за развој и беше проценето дека ќе чини 105 милиони. После неколку години кога ЕСМ распиша тендер за градежни работи, најниската понуда беше 140 милиони долари и проектот пропадна. Затоа овој пат одлучивме да се гради со приватен партнер. Што се однесува до ХЕЦ Тиквеш, сметаме дека е поисплатливо да работи како дел од Чебрен кога ќе се изгради проектот. Тиквеш постои 60 години и амортизацијата му е на нула. По 10 години може да биде проценет на само 20 милиони евра. Ако градбата на ПАХЕ Чебрен чини две милијарди евра, ЕСМ ќе има удел од 600 милиони во Чебрен со продажба или влог на објект кој чини само 20 милиони евра. ХЕЦ Тиквеш правно ќе стане сопственост на Грците, односно ќе се внесе како влог на државата, кога ПАХЕ Чебрен ќе стане оперативен. А ПАХЕ Чебрен како објект ќе и остане на државата после концесијата од 60 години. Механизам за заштита од инвеститорот дали тој ќе се придржува до договорот, ќе биде самата дозвола за вода – објасни Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот Ковачевски, на семинир кој го организираше Регулаторната комисија за енергетика.

Грчката фирма има обврска во рок од три месеци да склучи Договор за заедничко вложување и со македонската Електрани за Северна Македонија (ЕСМ) да основаат акционерско друштво. ЕСМ ќе учествува со третина од акционерскиот капитал. Новоформираната компанија ќе треба да обезбеди дозвола за користење на вода.

– Оваа компанија ќе има Надзорен одбор од пет члена, тројца од компанијата и двајца од ЕСМ. Иако ЕСМ е малцинство, според договорот, ќе имаме можност да носиме важни одлуки со консензус, но и да се стопираат одлуки со вето. На околу десет точки од работењето ќе можеме да ставиме вето – додава Андонов.

Хидроцентралата Чебрен е предвидено да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река предвидено е создавање ново вештачко езеро, кое ќе биде најголемо во нашата држава, а браната од 192 метри ќе биде една од највисоките во светот.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Во рускиот град Орск пукна брана, во тек е масовна евакуација на жителите