Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски денеска во Владата на Република Македонија ќе ги додели националните награди за волонтерство за 2012 година.
Годинава по повод 5 декември – Меѓународниот ден на волонтерството првпат ќе се доделат национални награди за волонтерство во четири категории: волонтер на годината, организатор на волонтерска работа, волонтерска практика и за медиуми кои придонеле за промовирање и поддршка на волонтерството во Македонија.