Биткоинот стана официјална валута во Салвадор

Од:

Пркосејќи на предупредувањата на големите економии и финансиски регулатори, но и несогласувањето на мнозинството население на таа централноамериканска земја, Салвадор стана првата земја во светот во која биткоинот се користи како официјална валута, што аналитичарите веруваат дека може да влијае на позицијата на криптовалутите во глобалниот финансиски систем.

Салвадор од денеска е првата земја која го прифати биткоинот како легално средство за плаќање, со планови за користење вулканска геотермална енергија за напојување на „рударењето“ на дигиталната валута.

Биткоинот, заедно со американскиот долар, усвоен во Салвадор во 2001 година и ќе продолжи да се користи како „референтна валута“, станува официјална валута на најмалата централноамериканска држава и според законот мора да се прифати како плаќање кога ќе се понуди, освен ако добавувачите или примателите немаат технологија за извршување трансакции.

Нема да подлежи на данок на капитална добивка, па дури може да се искористи и за плаќање даночни придонеси.

Владата формираше фонд од 150 милиони долари во Развојната банка на Салвадор, кој ќе се користи за претворање на биткоинот во американска валута. Сепак, додава „Тајмс“, 70 проценти од населението не користи банки. Исто така, за користење биткоин е неопходен пристап до Интернет, а само 45 проценти од земјата е поврзана.

Повеќето жители на Ел Салвадор не се согласуваат со владината одлука за усвојување на биткоинот како легално средство за плаќање, а многумина не знаат како да ја користат дигиталната валута и се недоверливи кон овој проект, покажа истражувањето на Централноамериканскиот универзитет

Анкетата, исто така, покажа дека повеќето испитаници сметаат дека главните корисници на употреба на биткоин ќе бидат богатите, странските инвеститори, владата и бизнис лидерите.

Би можело да ве интересира

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра

Салвадор погоден од земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтер

Ана Ололовска

Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута

А1он

ММФ го повика Ел Салвадор да го укине Биткоинот како законско средство за плаќање

Еврото се намали во однос на доларот, биткоинот на најниско ниво во изминатите шест месеци

Централна банка на Англија: Биткоинот може да стане безвреден

А1он